Комичната оперета „66-ка“ вечер во Крива Паланка

Во Националната установа Центар за култура Крива Паланка, вечер во 20 часот ќе биде прикажана комичната опера во еден чин „66-ка“ на Жак Офенбах.
- Оперетата е едночинка и за прв пат се претставува во Македонија, на македонски јазик. Оперетата е во режија на Љупка Јакимовска, со пијано придружба маестро Иван Еминовиќ и професионалната солистичка екипа: Јане Дунимаглоски, Полина Тасева и Невен Сиљановски. Токму ваквиот настан кој ќе понуди смеа до солзи вечерва е на репертоарот во нашиот град, на празничната вечер, изјави Мира Ѓоргиевска, директорка на НУЦК, Крива Паланка.
Настанот е во организација на Здружението за оперски уметници „ОпераТИ“ во соработка со Македонска опера и балет.
Ѓоргиевска ги повика сите кривопаланчани да ја проследт комичната приказна на наивните патници кој научиле дека не треба прерано да се радуваат на игрите на среќа. Влезот е слободен.
Ново на Сител
-

Тема на денот со доктор Драган Даниловски
-

Големо невреме го зафати Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“
-

Притвор за директорката и двајца раководители од гостиварски „Комуналец“
-

30 дена кризна состојба во Гостивар
-

АХВ со засилени активности во Гостивар: Инспекторите земале дополнителни мостри од болницата и други објекти за испитување
-

Стомачни вируси детектирани кај двајца Гостиварци на Инфективна клиника
