Коми: Трамп е „закоравен лажго“

Американскиот претседател Доналд Трамп е „закоравен лажго“, додека луѓето од неговото опкружување ги тера на лојалност како на „мафијашки бос“, пишува во книгата на поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми.
Делови од книгата протекоа во јавност, а Коми го опишува Трамп како „опседнат со деталите за себе“.
Тој го опишува Трамп како „нечесен претседател, одвоен од реалноста и институционалните вредности“, а владее „воден од егото“ и бара да му се искажува лојалност.
Коми беше разрешен минатата година поради истрагата на ФБИ за можната предизборна соработка на соработниците на Трамп со Русија во 2016 година.
Коми пред Сенатот веќе ги спомна притисоците од Белата куќа и дека Трамп барал да му биде лојален и да ја откаже истрагата против генерал Мајкл Флин, тогашен советник за државна безбедност, кој беше принуден да поднесе оставка.
Во книгата „A Higher Loyalty: Truth, Lies, and Leadership“ (Голема лојалност: Вистина, лаги и водство), што излегува на 17 април, Коми ја опишува 20-годишната кариера за врема на претседателот Џорџ Буш помладиот и работата во ФБИ од 2013 до 2017 година.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
-

Истражување - Македонските ученици се полуписмени
-

Мицкоски: Сите настани за независноста ги чинеа граѓаните нула денари
-

Мицкоски и СДСМ во нова политичка препирка по пораката за „талогот“
-

Нафтата надмина 100 долари за барел - премиерот најави мерки, ако поскапувањето на горивата продолжи
-

Пола милијарда долари во зелена енергија
-

Михаил спаси семејство од давење
