-->
-->
Комесарот Хан ќе ги претстави извештаите за напредок пред ЕП
-->
Извештаите за напредокот на земјите од процесот на проширувањето на Европската унија, меѓу кои и за Република Македонија, еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан денеска ќе ги претстави пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ).
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, официјално не е потврдено времето кога Хан ќе ги презентира извештаите на прес-конференција во зградата „Берлемонт” на Еврокомисијата во Брисел, но се очекува тоа да го стори околу 14 часот.
Еврокомисијата вчера не сакаше да потврди дали комесарот за преговори за проширување тоа јавно ќе го стори и пред новинарите, како што е пракса секоја година. Портпаролот на ЕК, Маргаритис Схинас само потврди дека за вчера е закажано одлучувањето за извештаите на ниво на шефови на кабинети на комесарите, но не потврди дали денеска тие и јавно ќе бидат лиферувани.
До последно останува непознато како ЕК ќе ја услови препораката до Европскиот совет по седми пат по ред да и додели датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ.
Неформалната Влада на Унијата очекуваше вчера македонското Собрание да ги усвои законите договорени со договорот од Пржино, со што препораката за Македонија би била полесно условена со навремено спроведување на точките од договорот, вклучително и со одржување и спроведување на предвремените парламентарни избори на 24 април 2016 година.
Инаку, овие прогрес-извештаи на Европската комисија, по првпат по пет години беа одложени и наместо во средината на октомври, ќе бидат презентирани еден месец подоцна, како резултат на замрзнувањето на проширувањето на ЕУ за најмалку пет години, но и фокусот на бегалската криза што ја зафати Унијата и земјите од процесот на проширување, меѓу кои и Македонија и Турција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поради дојави за бомби се евакуираат ученици во Аеродром
-
Нов бојкот за пазарење во маркетите, надлежните најавуваат мерки денес или во понеделник
-
Иницијатива за интерпелација на дел од членовите на Судскиот совет, доколку се изгласа недоверба тие сами одлучуваат дали ќе се повлечат
-
Во Собранието јавна расправа за законски измени за поголема безбедност во сообраќајот
-
Во Хрватска денеска трет бојкот на трговските синџири
-
Доналд Трамп воведува санкции врз Меѓународниот кривичен суд
-
Рубио рече дека жителите на Газа ќе бидат „привремено преместени“ за време на реконструкцијата на енклавата
-
Студено утро, преку денот сончево и ветровито