-->
-->
Комеморативен марш за жртвите од геноцидот во Сребреница
-->
Бошњачкиот национален совет (БНС) денеска во Скопје ќе го организира традиционалниот комеморативен „Марш за Сребреница“, во знак на почит и сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница од 1995 година.
Маршот ќе почне во 18 часот од Веро паркот во Чаир, ќе продолжи по булеварот „Џон Кенеди“, Старата чаршија, плоштадот „Филип Втори“ и ќе заврши на плоштадот „Македонија“ во 19 часот.
-Од 19 до 19.30 часот ќе има комеморативна програма по повод сеќавање на жртвите на геноцидот во Сребреница, информира БНС.
Исто така, Општина Чаир и бошњачката заедница денеска во 10:30 часот ќе oддадат почит на жртвите, на настан кај споменикот посветен на жртвите од геноцидот во Сребреница кој се наоѓа во паркот Чаир.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обвинителката Ленче Ристоска е задоволна од одлуката на Уставен суд
-
Тема на денот со Милан Стефаноски, надворешно политички аналитичар
-
Трамп: Русија е во подобра позиција за преговори од Украина
-
Изгоре стан во Кисела Вода – Пет лица се повредени
-
Со сатар и два ножеви скопјанец се обидел да влезе во Кривичниот суд
-
Од денеска замрзнати цени и маржи, казните за непочитување се до 10 илјади евра
-
Бизнисот ги бара парите од солидарниот данок, Финансии ги убедува да прифатат пребивање
-
МОН и СОНК пред потпишување на колективен договор