Комедијата „Кец на десетка“ премиерно во МНТ

Комедијата „Кец на десетка“ на авторот Митко Бојаџиски и во колективна режија вечер премиерно ќе биде изведена во Македонскиот народен театар. Во претставата играат Александар Миќиќ, Тања Кочовска, Нина Деан и Ивица Димитријевиќ.
- Сите актери се фантастични и со сигурност тврдам дека имаме хит, рече на прес-конференција по повод новата премиера в.д. директорот на МНТ Драган Спасов-Дац. Потенцира дека режијата е колективна бидејќи сите биле вклучени во неа, во создавањето на претставата и играта.
Авторот Бојаџиски истакна дека се работи за фамилијарна приказна од која се обидел да извади на површина се што е комично.
Сценограф на „Кец на десетка“ е Татјана Блажевска-Христоска, а костимограф Ивана Каранфиловска-Уруговска. За потребите на претставата е преработена песната „Оnly you“ на Yazoo. Текстот, аранжманот и продукцијата на насловната нумера „Кец на десетка“ е на Александар Митевски, а неа ја изведува актерската екипа.
Спасов-Дац најави дека ќе се залага во МНТ да се играат комедии кои ќе носат публика, ќе бидат издржани и без вулгарности, како и еднаш годишно да продуцираат една претстава за млади режисери, актери и драматурзи.
„Кец на десетка“ е претпоследна премиера на МНТ во оваа година. Во подготовка е мјузиклот „Мама миа“ за кој премиерата е закажана на 24 декември.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Цените во маркетите пораснале за 0,4%, покажа анализата на ДПИ и Министерството за труд
-

Пратениците со средна оценка за аргументирана дебата во Собранието
-

Верските лидери го осудија обидот за палење на синагогата во Скопје
-

Пошта добива 100 нови возила за подобра достава низ земјата
-

Осум ревии и нови модни имиња на „Shtip fashion days“
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Промената на власта во Унгарија нема да влијае на односите со македонската влада
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
