-->
-->
Комбе со мигранти предизвика тешка сообраќајка во Струмица
-->
Комбе со кочански таблички, управувано од возач од Кочани, во кое се превезувале поголем број мигранти, денеска во 11:50 часот предизвика тешка сообраќајка на крстосницата на улиците „Младинска“ и „Браќа Минкови“ во Струмица. Повредени се три лица.– Тројца мигранти се донесени во болницата. Од нив, еден е со потешки, а двајцата со полесни повреди. Потешко повредениот се подготвува за влез во операциона сала, изјави за МИА, директорот на струмичката болница, д-р Наќе Гогов.
Според очевидци, комбето се движело со голема брзина и удрило во три возила, од кои две биле паркирани. По несреќата, дел од мигрантите побегнале од местото на сообраќајката.
Полицијата врши увид, а повеќе информации се најавуваат за подоцна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

По Венецуела, Трамп со отворена закана и за уште пет држави
-

Преглед на вестите од светот
-

Православните христијани денеска го слават Бадник, ден пред Христовото раѓање
-

Со македонската коледарска песна „Коледица Варварица“ коледарчиња утрово затропаа на вратите
-

Божиќно послание на г.г. Стефан: Се што доаѓа од Бога носи спасение и вечност
-

Преглед на вестите од светот
-

Бадникарски огнови вечерва низ цела држава
-

Бадникарски огнови вечерва низ цела држава
