Македонија
26. November 2015 - 8:28

Командантот на Косовските безбедносни сили во посета на АРМ

Во официјална посета на АРМ денеска ќе престојува командантот на Косовските безбедносни сили (КБС), генерал-потполковник Рахман Рама.

Делегацијата на КБС во Генералштабот на АРМ, како што е најавено, ќе биде пречекана со воени почести, од страна на домаќинот, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски.

За време на престојот во ГШ на АРМ, генералот Рама ќе се сретне и со заменик-министерот за одбрана Иљми Селами.

Како што соопштија од Министерството за одбрана, главни теми на кои ќе се разговара на средбата ќе бидат: унапредување на билатералната соработка во полето на едукацијата, презентации за  учеството на АРМ во меѓународните мировни мисии и Концептот за оперативни способности.