-->
-->
Командантот на Алфите: Љубе Бошковски се обиде да бега кога го апсевме
-->
Командатот на Алфите Ивица Антевски - Пуки во изјава за Прес 24 вели дека вчерашната прес конференција на Фатиме Фетаи и Јатица Јанева е само обид за нарушување врз него и угледот на единицата со која раководел. Тој вели дека судската постапка ке докаже дека Бошковски бил приведен согласно со сите правилности и притоа ниту бил навредуван нити пак малтеретиран на било кој начин. Антевски вели дека при приведувањето Бошковски се обидел да побегне, а откако бил спречен во тоа почнал да ги навредува и да ги омаловажува полициските службеници, во продолжение ви ја пренесуваме изјавата на Антевски за Прес 24:
- Фатиме Фетаи и Катица Јанева вчера лажеа и манипулираа злоупотребувајќи ја позицијата која што ја имаат само за да фрлат дамка на моето работење и работењето на моите колеги. Јас и колегите сме работеле и ќе работиме исклучиво согласно законот. Сме се грижеле и ќе се грижиме за безбедноста на граѓаните без разлика на ризикот со кој што се соочуваме во нашата работа. Политичките напади и нарачаната одмазда нема да не поколебаат од вршењето на должноста за која сме се заколнале. Вистината е една. Ниту јас, ниту моите колеги не сме го пцуеле осомничениот. Фатиме Фетаи вчера скандалозно измислуваше и тоа ќе се докаже на суд. Осомничениот не постапи по полициската наредба да се предаде и се обиде да бега. Откако го спречивме почна да не навредува со погрдни зборови. Во моментот на реализирање на акцијата ја фрли кесата со парите кои нелегално ги имаше земено. Истиот во текот на целата акција даваше активен отпор. При претресот во возилото на осомничениот пронајдовме и огнено оружје и палка. За сите овие факти има службени белешки и сите овие факти може да бидат потврдени и ќе бидат потврдени.
Реакцијата на Антевски следи по вчерашната прес-конференција та во која тој и неговите колеги од Алфите беа обвинети од обвинетелката Фатиме Фетаи дека вршеле тортура врз Љубе Бошковски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Маск: „Х“ урната поради масовен кибер напад со потекло од Украина
-
Меркел ја повика Европа да се обедини пред политичките предизвици
-
Во Собранието ќе заседава Комисијата за надзор над работата на АНБ и на АР
-
Блумберг: САД на состанокот во Саудиска Арабија ќе ја притиснат Украина за примирје
-
Kомеморација по повод 82 години од холокаустот на македонските Евреи
-
Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Азербејџан
-
Пред пратениците петте интерпелации на членовите на Судскиот совет
-
ЕУ организира комеморација за жртвите на тероризмот