Македонија
23. јуни 2016 - 18:54

Командант Сула екстрадиран во Македонија

Сулејман Османи, познат како командант Сула е екстрадиран од Косово во Македонија, потврдуваат за МРТ од МВР.

Педесет и пет годишниот Османи во јули, минатата година беше уапсен од косовските власти по распишана меѓународна потерница.

Обвинет е за серија кривични дела поврзани со терористичкиот напад во Куманово кога беа убиени 8 полицајци.

Иако претходно беше уапсен во Македонија, Османи во чудни околности со лисици на рацете успеа да и побегне на полицијата додека и го покажуваше теренот во Гошинце каде претходно дејствувал со терористичката група.