Командант Соколи: Да бев јас командант ќе имаше 200 мртви!
Сами Укшини алијас командант Соколи не се чувствува виновен за терористичките напади во кумановската Дива Населба кога на 9 и 10 мај загинаа 18 лица, од кои 8 беа припадници на МВР, а 42- ца беа повредени, пренесува ВЕСТ.
Во својата неколкучасовна одбрана пред судот , првообвинетиот Укшини неколку пати повтори дека не бил водач на групата и да бил ќе било многу полошо:
“Водачи на групата беа Бег Ризај и Мирсад Ндрецај кои се мртви. Јас бев дел од организирањето на војната од 2001. Да бев во Дива Населба јас командант, немаше да бидат убиени 18, ќе имаше 200 мртви, ќе беше многу полошо и сега немаше да бидеме овде во судница. Не сум јас толку наивен. Обвинетиот Шефкет Калачи телефонски контактираше со мисијата на ОБСЕ за да се предадеме. Но, полицијата уште повеќе нe нападна”, сведочеше обвинетиот Укшини.
Командант Соколи пред судот појасни дека на 1 и 2 мај 2015 илегално ја минал границата на Македонија, му била дадена униформа во зелена боја со ознаки на УЧК и оружје од водачите, два дена спиел во планина, а во Куманово стигнал на 5 мај за, како што кажа, да се одморат и да одржат прес-конференција: “Јас сум патриот, не терорист. Овде дојдовме за да се бориме за правата на Албанците и да го спроведеме Рамковниот договор и планиравме тоа да им го кажеме на новинарите. Да пренесат дека ако не се реализира Охридскиот договор, ќе се вратиме на местото каде ја оставивме војската во 2001. Планот беше до 19 мај да останеме во Куманово. Треба полицијата да ја прашате каков напад извршила, а не нас”, се бранеше обвинетиот Укшини.
Тој додаде дека на 7 и 8 мај ги предупредил организаторите дека треба да си одат оти забележал дрон, но тие му кажале да не се плаши и му дале пакет со цигари. Кога се случил терористичкиот напад, Укшини рече дека од сон го разбудиле пукотниците од автоматско оружје и од хеликоптер. Командант Соколи рече дека телефонските разговори обезбедени со ПИ Мерки на кои се слушал неговиот глас, а кои се доказ во постапката не биле целосни.
Судењето за случајот продолжува на 23 февруари со одбрана на останатите обвинети. Во случајот за тероризам и терористичка организација им се суди на 37 лица.
Ново на Сител
-
Екипите на ДПИ на терен, се вршат контроли на цените на производите
-
Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патот Кичево - Гостивар, преку Стража
-
Спасовски: Обраќањето на Сиљановска Давкова не понуди визија за иднината на државата
-
Застанала и излегла од возилото кое го управувала, тоа се придвижило и ја прегазило
-
Приведени двајца малолетници од Сарај, кај нив пронајдени два ножа и боксирач
-
Иницијатива GoDigital: Зајакнување на 15 македонски компании на нивниот пат за дигитална трансформација
-
Сиљановска Давкова: Време е за храбар ЕУ исчекор, по примерот на оној од 2004 година, што ќе означи реунификација на регионот во ЕУ
-
Излета возило од патот во Кичево – три лица повредени