Командант Хоџа: Горд сум на јунаците од „Диво Насеље“ кои убија 8 и повредија 37 македонски полицајци
Именувањето на Џезаир Шаќири, алијас Командант Хоџа за советник за безбедност на премиерот Зоран Заев, не престанува да ја бранува јавноста.
Во конфликтот од 2001 година во кој загинаа 75 припаднции на македонските безбедносни сили, Командант Хоџа беше еден од командантите на ОНА.
За командантите вели дека е горд на нив и сега му се другари.
-Јас сум горд што ми биле другари, се бореле како лавови. Биле предадени и сепак издржале се до последен момент онака како што им доликува на јунаците слични на Мит Соколи на нашата нација, рече тој во интервју за KTV.
Актуелниот советник на Заев искажува своевидна гордост за големиот број на припадници на македонските безбедносни сили во тоа време.
-Да кажам само еден пример, единицата Тигри има 520 припадници кои што важат за најсилни и најтренирани во Македонија. Од нив 8 се убиени и 37 ранети. Ако ги поделиш излегува дека 10 % од најсилната полициска единица во Македонија се елиминираше. Да не зборуваме за деморализирање на останатите кои, според информациите што ги имаме се со големи трауми, истакна командант Хоџа.
Кобниот 9-ти мај во 2015-та година се случи антитерористичката акција на македонската полиција во која осуммина македонски херои го положија својот живот во одбрана на својата татковина.
Убиени беа следниве припадници на специјалните единици на македонската полиција:
Жарко Кузмановски (р. 1981), од с. Брвеница, Тетово
Ненад Серафимовски (р. 1987), од с. Зубовце, Гостивар
Сашо Самојловски (р. 1982), од с. Брвеница, Тетово
Бобан Ивановиќ (р. 1968), од с. Стајковци, Скопје
Горан Илијевски (р. 1974), од Гостивар
Исамедин Османи (р. 1983), од с. Студеничани, Скопје
Љубиша Аранѓеловиќ (р. 1966), од Скопје
Горан Стојменовиќ (р. 1970), од Миладиновци, Скопје
Убиените македонски бранители каде Хоџа беше командант
Во 2001-ва година во Арачиново, каде беше командант Хоџа се убиени четири млади македонски бранители.
Атанас Јанев имаше само 25 години кога беше убиен. Беше македонски бранител, специјалец во ПЕП, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 23 јуни 2001 кај гробиштата во Брњарци во битката за Арачиново.
На истото место, во Арачиново, каде советникот на Заев беше командант, згасна животот и на младиот Никола Пехчевски. Беше специјалец од „Тигрите“ и имаше само 25 години.
Убиен беше и 30-годишниот Александар Стојчев од Скопје кој беше македонски бранител, полицаец во МВР, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 23 јуни 2001 кај гробиштата во Брњарци во битката за Арачиново.
Имаше само 21 година. Животот го загуби и Оливер Китановски, специјалец во ЕСЗ Тигар. Беше учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Тешко ранет е од граната на 23 јуни 2001 кај гробиштата во Брњарци во битката за Арачиново. По пет дена во шок соба умира Оливер во скопските клиники.
Ново на Сител
-
Макрон: Путин не попушта, санкциите остануваат клучни
-
Амбасадата во Белград ја потврди информацијата за загинат македонски државјанин во сообраќајка
-
СДСМ реагира на најавата од владата
-
Истражна постапка против возачот на мотор кој го прегази Југослав Николовски
-
На граничните премини Богородица и Табановце се чека од 20 до 30 минути
-
Зеленски и Трамп се договорија за зајакнување на воздушната одбрана на Украина
-
Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога, оцени Тошковски
-
МВР апелира граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки