Kолумбиската полиција заплени повеќе од два тона кокаин
Над два тона кокаин, во сопственост на најголемата колумбиска нарко-мрежа „Клан дел Голфо", а наменети за Централна Америка и САД, беа запленети во јужна Колумбија, соопшти денеска Поморската флота, пренесува БТА.
„Последниве неколку часови патроли на националната Поморска флота одзедоа 2.262 килограми кокаински хлорохидрат, во неколку операции в Јужен Пацифик. Првата пратка е одземена од страна на Тихоокеанската крајбрежна стража, којашто запрела пловило без име или какви било ознаки, управувано од четворица Колумбијци, на отворено море, крај брегот на округот Нарињо, којшто се граничи со Еквадор. Во него се најдени 37 пакети од дрогата, со вкупна маса од 1.500 килограми, коишто требало да бидат доставени во Централна Америка. Воени лица од Одделот за борба со наркотици пак, во руралните области околу Нарињо пронашле 21 пакет со маса од 762 килограми кокаин, наменет за Централна Америка и САД", се наведува во соопштението.
Оваа седмица колумбиската морнарица конфискува преку три тони кокаин.
Колумбија е најголемиот производител нa растението кока во светот, како и најголем производител на оваа нелегална супстанца, со 646 тони во 2015. Засеаните површини со кока во Колумбија изнесуваат 96.000 хектара.
Ново на Сител
-
Двајца малолетници со закани принудувале малолетнички полово да ги задоволуваат
-
Со автомобил удрен пешак во Скопје, се здобил со тешки телесни повреди
-
Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај
-
Во Египет откриена гробница на фараон стара 3.600 години
-
Анчелоти идната недела на суд за даночна измама
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред