Фудбал
10. July 2016 - 10:06

Колман го предводи Велс и во квалификациите за СП во Русија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Велс која направи огромен успех на ЕП во Франција , Крис Колман најави дека од функцијата ќе замине дури по завршувањето на квалификацискиот циклус за СП во Русија. 

Мислам дека 6 години на кормилото на една репрезентација е огромен период и затоа сметам дека дали ќе се квалификуваме или не сепак време е да се повлечам од кормилото на Велс-изјави Колман.
Велс во Франција го постигна најголемиот успех со пласманот во полуфиналето. 
Оваа селекција во квалификациите за СП во Русија е во група со Србија, Австрија, Р.Ирска, Грузија и Молдавија.