Македонија
27. February 2024 - 10:17

Колку потписи досега собраа претседателските кандидати?

Колку потписи собраа заклучно со вчерашниот ден претседателските кандидати во земјава.

Бујар Османи кој се наоѓа на првото место е кандидат на ДУИ и веќе го има остварено потребниот број, и тој има 10.528 потписи.

По него следува Максим Димитриевски, претседателскиот кандидат на ЗНАМ, кој се доближува до потребната бројка, односно има 8.400 потписи. 

На трето место според собраните потписи е Арбен Таравари, претседателски кандидат на здружената албанска опозиција кој има 7.496 собрани граѓански потписи.

Под него е претседателската кандидатка на Левица, проф Билјана Ванковска со собрано 6.237 гласови. Додека пак Стевчо Јакимовски има 4.238.

Кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска немаат потреба од потписи, бидејќи во претседателската трка ќе влезат со 30 пратенички потписи.

Собирањето потписи ќе трае до 8 март.