Бизнис
29. јуни 2021 - 21:22

Колку ќе поскапи струјата од утре?

Сител дознава цената на струјата ќе се зголеми за 12, 5 проценти, но со намалувањето на ДДВ то од 18 на 5 отсто од први јули, крајната цена за домаќинствата ќе остане иста или ќе биде за помлаку од еден процент пониска.

Инаку според извори на Сител денешната подготвителна седница на која се разговараше за новата цена завршила во тензична атмосфера. Дел од енергетските компании биле незадоволни затоа што регулаторна голем дел од нивните  трошоци не ги признава. Прифатени биле само инвестициите кои се значајни за енергетската инфрастуктура.

Поради ваквата одлука, некои од компаниите најавиле и тужби за регулаторната комисија.

Цената за преносот кои го врши Мепсо се зголемува за 41 процент наместо за 114 отсто како што бараше компанијата. Во целост не се прифатени  ниту трошоците на ЕВН.

Сите трошоци на енергетските компании кои ќе ги признае РКЕ влегуваат во крајната цена. Но најголем удел има цената за призведената струја која ја понуди ЕСМ на тендерот на универзалниот снабудувач која е за 7 отсто пониска од ланската и изнесува 36, 1 евро за мегават час.

Но годинава во новата цена на струјата  влегува и увозот кој беше направен лани поради стопирање на работата на хидроцентралите.

Лани струјата поскапе за 7, 4 процетни на барање на државните енергетски компании.