Колку години имате - докторите откриваат колку е оштетен метаболизмот според годините
Сакале вие да признаете или не, нашето тело поминува низ сериозни промени кога старееме и организмот не работи како што работел пред десет години.
20 години - на 20 години вашето тело е во најдобра форма. Иако тоа зависи од генетиката, генерално, метаболизмот е најбрз во овие години. Можете да јадете колку сакате и тоа на вашето тело да не се забележи.
30 години - одредени процеси во телото полека се успоруваат: варењето, потребата за одење во тоалет, слабеење. Телото престанува да се развива, а вие ја губите мускулната маса, поради што мора повеќе да вежбате.
40 години - кога ќе наполните 40 ќе забележите дека брзината на вашиот организам значително опаѓа. Недостатокот на естроген и прогестерон директно влијаат на вашиот репродуктивен систем и месечен циклус.
50 години - во ова време главно престанува месечниот циклус, што доведува до зголемување на телесната тежина. Мускулите во телото полека се заменуваат со масни наслаги и поради тоа бара помало внесување на калории од порано.
Секако сето ова не важи за сите, туку од квалитетот на животот. Најлош непријател на вашиот метаболизам е лошата исхаран и мрзливиот начин на живот.
Ново на Сител
-
Македонија пред полноќ ќе добие влада
-
Детектор: Македонија назадува во приближувањето кон ЕУ
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија пред полноќ ќе добие нова влада
-
Приватните превозници утре ќе возат само до 10 наутро
-
Заеднички служби го подготвуваат тендерот за набавка на нова компресорска станица
-
На Очна Клиника за прв пат операција во едно - и на катаракта и на глауком
-
Кога МЗ ќе го санира срушениот ѕид кај Детска клиника?