Колку често треба да се менуваат крпите

Крпите кои секојдневно ги користиме се „плодна почва“ за развој и размножување на бактерии и габички, на нив се собираат мртвите клетки на кожата, плунката, фекален и уринарен секрет и голем број други бактерии од бањата, вклучувајќи и капките на школката од вецето, што е сосема доволно за размислување за нивно почесто менување, односно перење.
Иако голем број бактерии нема да наштетат, затоа што се од вашето тело, треба да се размисли за фактот дека тие многу брзо се размножуваат особено на влажна подлога.
Значи, колку често треба да се менуваат крпите?
- Тоа зависи за што се користат. Ако станува збор за крпи за тело кое се успева целосно да се исушат, на пример на радијатор, не повеќе од три пати, рече за Tech Insider патологот и микробиолог Филип Тиерно од Јуниверзити Скул оф Медисин во Њујорк.
- Малите крпи кои се користат за бришење раце, би требало да се перат почесто, затоа што се користат неколку пати на ден па треба да се менуваат секој ден. Ако од крпата се шири непријатен мирис, тоа е знак дека на него се размножени бактерии и дека треба да се перат, рече Тиерно.
Тој објасни дека крпите се идеално место за размножување на бактерии, затоа што соддржат многу поволни услови за нивниот раст: водата, високата температура, киселината, храната и неутралниот pH фактор, а човечкото тело е идеален снабдувач на добри услови за живот на микроорганизмите.
Ново на Сител
-

Ниту еден сведок не дојде на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека
-

Ректорите на сите државни универзитети дадоа поддршка за новиот закон за високо образование
-

Во Штип 503 ученици ќе полагаат матура според строги критериуми
-

Се решава проблемот со туристичките водичи
-

Преглед на вестите од светот
-

Инцидентот во синагогата е аларм за државата, службите треба да ги обезбедат сите витални објекти
-

Масакр во училиште во Турција, 14-годишен ученик усмрти соученици и наставник
-

Средба Муцунски-Прево: Билатералните прашања не треба да го блокираат процесот на проширување
