Колку амбулантни возила има Македонија во ек на корона пандемија?
Половина од здравствените установи немааат амбулатни возила.
Според истражувањето на центарот за граѓански комуникациии земјава располага со 183 возила за итна помош. Најголем дел се во Скопје, околу 30 тина, во Охрид и Битола. Просечната старост им е 11 години.
Две кои се користат во Струга и Отешево, се произведени пред повеќе од 30 години, но сеуште со нив се превезуваат пациенти, а над еден милион килиометри пак има поминато возилото за итна помош на здравствениот дом во Кичево. Според пресметките 11 илјади граѓани се опслужуваат со едно амбулатно возило.
Вредност за едно возило за итната помош е 39 илјади евра.
Скопје 30 возила.
Охрид и во Битола има по 12.
Велес и Куманово 8.
Делчево, Кичево, Струга, Тетово и Прилеп по 7 вакви возила.
Од друга страна пак министертсвата и општините располагаат со над 2.600 службени коли, што значи дека на секое 15 патничко возили има едно амбулантно. 2000 службени возила се со набавна вредност од 33 милиони евра. Просечната цена за едно патничко возило се движи до 15 до речиси 17 илјаид евра.
Во изминатиов период можеше да се забележат општини кои за едно службено возило трошеа и до 70 илјади евра како што беше случајот со општина Струга. Тогаш гардоначаликот посочи дека автомобилот е неопходен за извршување на работните задачи на општината.
Најмногу возила според вработен во општините има во Дебар и Арачиново.
Проблемот со недостаток на амбулатни возила се провлекува со години. Пред да дојде СДСМ на власт, на големо најавуваше дека ќе го продаде луксузниот владин мерцедес и со парите ќе се набават амбулатни возила за клиниките низ земјава. Но три години подоцна мерцедесот сеуште се корсити за владини потреби.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар