Македонија
3. August 2021 - 21:18

Колкава штета предизвикаа пожарите?

Пожарите годишно државата ја чинат од шест до над 30 милиони евра. Сумата, велат екпсертите е пресмета врз основа на оштетената шума, но и буџетот потребен за справување со огнената стихија. Сметаат дека загрижувачки е што годинава пожарите навлегуваат во урбани средини.

Обновата на опожарените реони, вели професорот Николов е сложен процес. Објаснува дека ниската вегетација може да се врати за неколку месеци, но за шумскиот фонд обновата трае со децении.

Засега нема информации колкава штета предизвикаа пожарите кои беснееја овие два дена. Од министерството за земјоделство, велат дека првичните податоци за тоа колку хектари шума е уништена и колкава е материјалната штета ќе се знаат по неколку дена, односно, како што велат откако пожарите ќе бидат целосно изгаснати.