Колкава е вашата плата, ова е просекот во Македонија
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2016 година изнесува 22.356 денари и бележи рАст опд 2,8 отсто во однос на април 2015 година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Зголемувањето е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација за 30,7 отсто, Градежништво 12,7 отсто и Стручни, научни и технички дејности за 12,1 отсто.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација за 35,1 отсто, Стручни, научни и технички дејности 8,8 отсто и Финансиски дејности и дејности на осигурување 5 отсто.
Просечната месечна бруто плата по врабтен во април годинава изнесувала 32.794 денари и бележи зголемување од 2,7 отсто.
Во април 2016 година, 1,3 отсто од вработените во Република Македонија не зеле плата.
Ново на Сител
-
Ќе ги исклучиме сите семафори во Скопје ако нема плата, рекоа вработени во Улици и патишта
-
Скопјани остануваат без вода: Како се подготвуваат граѓаните?
-
Кривична пријава за полицаецот кој го пропуштил Груби на граница
-
СДСМ обвинува за политички договор меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ за бегството на Груби
-
Вања и Панче биле убиени свирепо со ист калибар на оружје
-
Сложени Тави процедури во Систина
-
Идната година уверение за државјанство ќе се вади електронски – редизајниран порталот uslugi.gov.mk
-
Надлежните во обиколка на маркети – дали се почитува Новогодишната кошница?