Количината патоген што зарази 55 милиони луѓе ја собира во една лажичка
![]()
Вкупниот волумен на патогени микроби кои заразија 55 милиони луѓе во светот, може да се собере во нешто повеќе од една лажичка за кафе. Ова, според пресметките на австралискиот математичар Мет Паркер.
Со други зборови, ако ги собереме сите микроорганизми на коронавирусот што заразија 55 милиони луѓе досега, ќе добиеме волумен од нешто над осум милилитри течност. Една кафена лажичка, за споредба, собира околу шест милилитри. Во чашка за ракија пак, собира околу 45 милилитри течност.
– Целиот хаос што се случи во светот се сведува на „лажичка проблеми”. Честичките од коронавирусот се многу мали, тие се милион пати помали од човечката клетка, рече Паркер.
Тој, како соработник на научна емисија на Би Би Си, направи проценка на бројот на клетки во секое тело заразено со вирусот врз основа на мерењата со брисеви, односно податоците објавени во медицинското списание „Лансет”. Користејќи претпоставена дневна бројка од 300.000 нови случаи на заразени ширум светот и претпоставувајќи дека секоја личност е заразна 14 дена, тој пресмета колку луѓе во моментов во себе го имаат коронавирусот. Преку множење, се доаѓа до сознанието дека сите заразени заедно, во телото имаат 3,3 квадрилиони клетки заразени со коронавирус.
Ново на Сител
-

Утре во 11 часот собраниска седница за заемот од 260 милиони евра
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Односите меѓу Кина и Русија во нова фаза на побрз развој; Путин: Нашето партнерство е за пример
-

Устен демарш за амбасадорот на Албанија во Македонија
-

ЕУ одобри 65,7 милиони евра од планот за раст на Македонија
-

Уставни измени и реформи за забрзување на патот кон ЕУ
-

ОЈО ГОКК води предистрага за можна шпионажа во кабинетот на Претседателката Сиљановска Давкова
-

Кругови со оган, факели, прскалки и пиротехника низ годините се користеле во „Пулс“
