Колева: Започнува исплатата на минималната плата, на историско највисоки 18.000 денари
Економските политики што ги презема Владата предводена од СДСМ даваат резултати кои граѓаните ги гледаат и чувствуваат.
Од денеска започнува исплатата на мартовската плата. Од овој месец минималната плата изнесува 18.000 денари или околу 300 евра.
Околу 80.000 граѓаните ќе добијат покачување на своите плати од речиси 3.000 денари, зголемување на платите ќе добијат и работници кои до претходниот месец имаа плата од 16 или 17.000 денари.
Со најновото зголемување, минималната плата сега изнесува двојно повеќе отколку пред четири и пол години кога во одредени дејности таа изнесуваше 8.800 денари.
Ова е вистинска грижа за граѓаните преточена низ конкретни мерки и политики.
И во време на криза, се грижиме за животниот стандард, покрај минималната плата, растат платите во сите сектори.
Денес, просечната плата изнесува 29.980 денари и е за шест илјади денари повисока во однос на периодот од пред четири и пол години.
Како одговорна, социјалдемократска партија продолжуваме со реализација на мерки и политики кои го унапредуваат животниот стандард на граѓаните и обезбедуваат повеќе пари во семејните буџети.
Прес-конференција на СДСМ, Даниела Колева, пратеничка на СДСМ
Ново на Сител
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-Транс
-

Камионџиите утре ќе ги блокираат граничните премини поради новите правила за влез во ЕУ
-

Или промени или распад - Членството на СДСМ со порака до раководството
-

Тошковски: Паралелно со „Сејф Сити“, ќе има и полициски возила со мобилни камери на „црните точки“ на патиштата
-

АХВ: Спроведени 125 илјади контроли, изречени казни од над половина милион евра
-

Ориз на годинашната реколта стои по амбарите
-

Охрид презема мерки за заштита од загадениот воздух
-

Во месецов што изминува преполни сместувачки капацитети во Крушево
