Колева: Почитувањето на мерките дава резултат, следува процес на вакцинација против коронавирусот
Почитувани граѓани почитувани новинари,
Навремените мерки за заштита од коронавирусот, почитувањето на мерките од страна на мнозинство граѓани, како и засилените инспекциски надзори и контроли, доведоа до стабилизирање на пандемијата на ковид 19.
Уште еднаш, благодарни сме за придонесеот на сите кои учествуваат во оваа бирка со невидливиот непријател.
Бројот на новорегистрирани случаи и починати е намален, а зголемен е бројот на оздравени пациенти. Тоа придонесува за намалување на притисокот врз јавното здравство и врз болничките капацитети.
Бројот на хоспитализирани пациенти во болничките установи ширум државата е намален двојно.
Ова се позитивни трендови, но сепак не смееме да се опуштиме. Напротив, сите треба да продолжиме доследно да ги почитуваме мерките за заштита од коронавирусот.
Со тоа ќе помогнеме да нема нов голем пик пред претсојната вакцинација која ни претстои.
Многу брзо ги очекуваме првите 8.000 вакцини кои се обезбедени со помош на соседна Србија, на производителот „Фајзер“.
Дополнително, во текот на следниот месец пристигаат и нови дози од вакцините така што наскоро може да започне имунизацијата.
Институциите се подготвени, следува процес на имунизација на населението, за конечна победа над пандемијата.
Преку повеќе механизми, државата обезбедува вакцинација за 1,2 милиони жители на Македонија, односно за околу 60-70 отсто од вкупното население.
Почитувани граѓани,
Вакцинацијата е последната фаза од борбата против коронавирусот.
Затоа, сега кога сме блиску до почетокот на вакцинацијата, потребно е уште малку трпение и дисциплина од секој еден од нас.
Заедно, преку почитување на мерките, да го заштитиме своето и јавното здравје, за да ставиме конечен крај на пандемијата и побрзо да се вратиме во нормалното функционирање.
Даниела Колева, пратеничка на СДСМ
Ново на Сител
-
Определен притвор за четворица осомничени за пукањето во Тетово
-
Бела куќа: Трамп и Путин ќе имаат состанок в петок во Енкориџ
-
Свечена седница по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор
-
Ангелов: Борбата со пожарот во ловиштето Јасен продолжува, успешно изгасната една линија, теренот останува критичен
-
Го живеам мојот сон, сакам да ме паметат по дела | Орце Ѓоргиевски | Неформално | Sitel Podcast 108
-
ЦУК: Активни пожари во Јасен, Свиларе, Радуша и уште четири локации
-
Студентската листа е 99 отсто завршена, во неа нема опозиција ниту влада, тврдат српските студенти во блокада
-
Израел тврди дека нема масовна глад во Газа