Македонија
26. October 2024 - 19:56

Колективна оставка на Комисијата за помилување

Комисијата за помилување поднесе колективна оставка. Информацијата ја сподели нејзиниот член Калајџиев на Фејсбук кој напиша:

,,Почитувани, 
Со ова ја известуваме јавноста за нашата колективна оставка од позициите членови на комисијата за помилување.
Оваа одлука ја донесовме во согласност со нашите лични и професионални принципи.

Со почит, 
Проф.др Методија Каневчев, Проф.др. Гордан Калајџиев, Проф.др. Арлинда Кадри Шахиновиќ, 
Др. Зора Митиќ,
М-р Ана Ѓорѓиева Ивановска Шаќири
Ајтен Шаќири"