-->
-->
Кокаин вреден 300.000 евра запленет на излез од Прешево
-->

Царинските службеници, во соработка со полицијата, на излез од граничниот премин Прешево, спречија обид за криумчарење на околу два килограма кокаин, чија улична вредност се проценува на околу 300.000 евра, соопшти денеска Управата на српската царина.
Дрогата била откриена синоќа во „Мерцедес“ со бугарски регистарски таблички, кој од Белгија се движел кон Македонија.
Возачот, 32-годишен државјанин на Македонија, успеал да побегне од местото на настанот, со што се создало дополнително сомневање дека во автомобилот нешто е скриено. Дрогата била пронајдена во касетата за документи пред совозачкото седиште.
Бидејќи вредноста на килограм чисти кокаин е околу 80.000 евра, а за улична продажба се разредува, така што еден килограм може да се добие и до четирипати од вредноста на заплената, се проценува дека запленетата дрога вреди околу 300.000 евра, јавуваат српски медиуми
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар