Која е улогата на Руди Џулијани во аферата со Украина

Руди Џулијани, поранешен градоначалник на Њујорк, кој го имаше прекарот градоначалникот на Америка, поранешен обвинител и сегашен личен адвокат на Доналд Трамп, се најде во центарот на процесот за отповикување на претседателот, бидејќи неговото име се споменува неколку пати во жалбата на свиркачот.
Демократите во Претставничкиот дом на Конгресот започнаа постапка за отповикување, тврдејќи дека Трамп ја злоупотребил својата позиција и барал политичка услуга од украинскиот претседател Володимир Зеленски – да го испита бизнисот на синот на неговиот потенцијален противкандидат Џозеф Бајден.
Во текот на изминатите две години Џулијани се сретнал со неколку украински официјални лица за да го убеди државниот врв на таа земја да започне истрага за бизнисот на Хантер Бајден, кој беше член на одборот на украинската компанија за гас „Бурисмо“.
Како и Трамп, Џулијани реагираше бурно кога беше објавена жалбата на свиркачот. За повеќе телевизии тој рече дека за сè работел во договор со Стејт департментот и ги повтори обвинувањата против Бајден.
– Невозможно е свиркачот да биде херој, а не јас. Јас ќе бидам херој, а тие морони кога ќе заврши сето ова, изјави тој во интервју за „Атлантик“.
Во претходното интервју за „Вашингтон пост“, Џулијани рече дека разговарал со најмалку пет сегашни и поранешни украински обвинители за случајот „Бајден“ и честопати и јавно ги изнесувал своите ставови за ова прашање.
На пример, тој на Твитер напиша дека Бајден, додека бил потпретседател на САД, го поткупил поранешниот украински претседател Петро Порошенко да не отвори истрага за бизнисот на неговиот син, но за тоа не доставил докази.
Трамп и Џулијани се пријатели уште од 1989 година, кога Трамп како инвеститор ја поддржа кандидатурата на Џулијани за градоначалник на Њујорк.
За возврат, Џулијани е еден од, според Гласот на Америка, најагресивните поддржувачи на Трамп и бил со него во критични ситуации, како на пример кога во 2016 година беа објавени аудиоснимки на кои Трамп зборува вулгарности за жените.
Порталот „Политико“ пишува дека скандалот што се случува во Вашингтон се протега до ноември минатата година, кога приватен истражител му пришол на Џулијани, тврдејќи дека има информации за украинско мешање во изборите во 2016 година.
Џулијани не сакаше да го разоткрие името на тој истражител, изјавувајќи дека е американски државјанин и управува со „многу, многу голема истражна агенција“. Истражителот зборувал во име на клиент кој сакал да пренесе информации за наводите што ги слушнал.
– Јас сум вистинскиот свиркач, рече Џулијани за „Политико“, тврдејќи дека располага со дополнителни штетни информации и оти и тој би требало да биде заштитен.
– Ако сега бидам убиен, вие нема да го добиете остатокот од приказната, рече Џулијани.
Ново на Сител
-

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило
-

„Мерцедес“ ги крати трошоците поради неконкурентност, „Фолксваген“ пред затворање фабрики и укинување 100.000 работни места
-

Два активни пожари на отворен простор во Василево и Прилеп, пет изгаснати
-

Трамп: Иранските напади со дронови врз бродови во Ормуз е кршење на прекинот на огнот
-

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит
-

Еден час пауза во Собранието - заврши општиот претрес на измените на Законот за основно образование
-

Градоначалничката на Кисела Вода го пречека победникот на „Ѕвездите на Гранд 2026“ Бојан Илиевски
-

Љутков: Што и да се случи, секогаш стојам зад културата
