Која е сербез Донка, кој ја посврши и како стана дел од музичката историја раскажува нејзиниот внук Боре Јаричков
На почетокот на минатиот век, на Мегдан во Велес живеела Донка Јаричкова. Денес 2017 година, во Велес живее Боре Јаричков. Внук од братот на Јаричкова. За оние поновите генерации, за кои што народните македонски песни се непознати, ова е приказна за една голема љубов, за останатите, ова е приказната за сербез Донка.
Била Донка една од најубавите велешки девојки. Кога минела низ чаршија, сите се вртеле по неа. Но таа се вртела само по Милета Ивчев. Само за него имала и срце и очи. Така барем се сеќава, нејзиниот внук Боре.
Денес е пензиониран учител, и бистри му се сеќавањата на неговата тетка Донка.
Донка освен што била убава и стројна, била и слободна и решителна. Затоа и го одбрала Милета.
Кога Боре ќе се врати од војска, ќе го дочека веста дека Донка починала. Но ќе дознае и дека приказната за нејзе, македонскиот народ ќе ја сочува во песна.
Онаму каде што јас застанав со приказната за Донка онака како што се раскажувала од колено на колено, продолжува друг колега новинар. Петар Печков.
По првото внуче кое што ќе ги спои Јаричкови и Ивчеви, Донка и Миле имаат и други наследници.
За големата љубов на Донка и Миле денес знаат многу генерации. Велешани пак си ја сакаат и историјата и традицијата.
Ново на Сител
-
СДСМ обвинува за политички договор меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ за бегството на Груби
-
Вања и Панче биле убиени свирепо со ист калибар на оружје
-
Сложени ТАВИ процедури во Систина
-
Идната година уверение за државјанство ќе се вади електронски – редизајниран порталот uslugi.gov.mk
-
Надлежните во обиколка на маркети – дали се почитува Новогодишната кошница?
-
Оштетена македонската амбасада во Киев при руски ракетен напад
-
Едно седумгодишно дете убиено и три повредени во напад со нож во училиште во Загреб
-
Скопје од вечерва без вода - Колку часа ќе трае санацијата на дефектот