-->
-->
Која е негувателката која истури кафе врз лицето на дете во скопска градинка?
-->

Негувателка со врело кафе изгорела 5 годишно дете во градинка во Скопје. Кафето на учителката и се истурило додека поминувала покрај креветчето во кое било девојчето. Детето се здобило со изгореници од прв степен во пределот на очите и левата јаболчница.
- Инцидентот се случил вчера околу пладне додека децата спиеле овде во објектот “Чекорче” кој е во состав на градинката “Срничка“во Аеродром. Случајот во полиција го пријавила 33 годишната мајка на повреденото дете.
Мајката кога го видела изгореното дете веднаш го однела на скопските клиники. Од Ургентниот центар за Сител информираат дека девојчето било прегледано во амбулантата на Клиниката за детска хирургија и по укажаната лекарска помош го пуштиле дома.
Директорот на градинката каде се случил немилиот настан Јоаким Димулков за Сител изјави дека ги презеле сите дисциплински мерки, и најави дека подготвуваат отказ за наставничката. Идентитетот на негувателката се уште не се открива.
Родителите чии деца се згрижени во оваа градинка не слушнале за немилиот настан.
- Не, не сум слушнал... Не, вчера исто ова време го земав детето и ништо не слушнав, вели дедо на дете згрижено во градинката Чекорче.
Во меѓувреме случајот во градинката Чекорче го испитуваше и инспекција од министерството за труд и социјална политика.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Цените на храната и оваа година ќе останат исти, смета бизнисот
-

ФЗО и ПМФ склучија договор за детални генетски анализи кај онколошки пациенти
-

Вевчански карневал од 12-14 јануари
-

Преглед на вестите од светот
-

Висок водостој на реките на Истокот, но без опасност од поплави
-

Од утре нов екстремно студен бран во Македонија
-

Филипче: Нема лидерска среда, техничката влада не смее да биде укината
-

На ПМФ ќе се вршат напредни дијагностички анализи кај различни онколошки состојби
