Кој ви дозволи тука да копате? - Стевчо Јакимовски запре прекопување на улица во Карпош | ВИДЕО

Стевчо Јакимовски новиот градоначалник на Карпош објави видео како прекинува, како што вели тој, „диво“ копање на улицата Букурешка.
„Почитувани граѓани на Карпош, Сакам да ве информирам дека по пријава на граѓани за „диво“ копање на улицата Букурешка, утрово излегов на терен за лично да се запознаам со ситуацијата. Од одговорното лице на фирмата што го затекнав на лице место побарав дозвола за прекопување на улицата на што ми беше одговорено дека наводно имал одобрение од секторот за урбанизам, но не ми покажа документ. Поради тоа наредив веднаш да прекинат активностите на улицата и да се направи записник“, објави Јакимовски.
Претседателот на ГРОМ вели дека од секторот за урбанизам добил потврда дека фирмата немала дозвола за сечење на улицата.
„Нема да дозволиме на „диво“ да се прекопуваат нови улици, а граѓаните да газат по кал и да ги оштетуваат возилата по раскопани сообраќајници заради лични интереси на поединци“, напиша Јакимовски на Фејсбук.
Ново на Сител
-

Продолжуваат протестите во Франција, се очекуваат нови блокади на училиштата
-

Најмногу дожд во Тетово, најстудено на Попова Шапка
-

Сеул: Северна Кореја лансираше ракети кон морето
-

Најмалку едно лице загина при нови напади на Хутите врз саудиските аеродроми
-

Македонскиот борач Топузовски освои бронзен медал на меѓународно натпреварување во Италија
-

Премиерот Мицкоски и министерот Николоски на почеток на изградба на автопатот Букојчани - Кичево
-

Манчестер Сити го освои Енфилд и остана со максимален ефект
-

Струмица 2001 го совлада Пелистер во Супер кошаркарската лига
