Македонија
24. April 2021 - 16:41

Кој треба да има приоритет за вакцина?

Некои функционери и граѓани бираат вакцина, други пат затворени дома сакаат вакцинирање, но не се во приоритетните групи. Затоа мора да има одредени промени во националната програма за имунизација е ставот на Денис Јанкуловски Косомонаутко, кој уште од првиот ден е вклучен во имунизацијата во Борис Трајковски. Денис од лице место гледа како овие ситуации предизвикуваат револт кај лицата со ретки болести, со посебни потреби и помлади со хронични заболувања кои со месеци чекаат да се најдат меѓу првите на листите. Вели наместо овие категории сега да доаѓаат на ревакцинација тие чекаат и слушаат како некој се лути што добил Спутник а сакал друга.

-Тие бираат вакцинирање, што побрзо да бидат вакцинирани. Веќе ако бројката е таа што ја имаме ќе мора одредени претумбации барем вакцините да отидат во вистинскираце. Се надевам државата ќе најде на разбирање на апелите на овие луѓе што си ја знаат својата мака, но се дискриминирани, вели Денис Јанкуловски.

Кога би имале големи количини од повеќе видови на вакцини Јанкуловски вел исите знаат как отреба и секој ќе може да бида. Но реалноста е таа.

-Многу има што се во ризична состојба. Еве и пратениците, во ред дошле се вакцинирале и толку треба..чао пријатно, вели Денис.

Јанкуловски иако гласно зборува за проблемите на ризичните категории, сепак, вели работата во пунктот во Борис Трајковски се одвива како што треба, немаат никакви проблеми и сите се задоволни.

Јанкуловски оди и на теренски вакцинирања кај лица кои се неподвижни но се пријавиле во пунктовите. Има време и за расположение кај колегите.

И додека Денис го шири космонаутизмот, австрискиот шеф на дипломатијата најави дека 119 илјади вакцини од Фајзер како донација од ЕУ македонија ќе ги добие од мај до август. Освен овие дози надлежните ги чекаат и 200 000 од Синофарм како и преедвидените дози од Ковакс.