Фудбал
6. October 2015 - 9:13

Кој се уште може да се квалификува за ЕП

Месец октомври завршуваат квалификациите за ЕП во Франција наредната година. Се играат уште по две рунди во секоја група па затоа е интересно да се знае кои екипи имаат шанси за пласман во Франција. 

Пет селекции, Австрија, Чешка, Англија, Исланд и домаќинот Францција веќе се квалификувани. 
Македонија е во групата на репрезентации кои ги загубија шансите да се борат за првите три места во групата заедно со селекциите на Андора, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Фарски О, Грузија, Гибралтар, Грција, Казахстан, Летонија, Лихтенштајн, Луксембург,  Малта, Молдавија, Сан Марино и Србија. 
Останатите селекции на чело со Германија, Шпанија, Италија....се со шанси да се најдат во завршницата. Од нашето опкружување интересно е  шанса да се пласираат имаат Албанија, Црна Гора, БиХ, Хрватска, Словенија, Бугарија, Словенија и Романија.
Последните средби се играат на 13. октомври.