Македонија
6. April 2018 - 16:08

Кој се ќе биде дел од првата реконструкција на владата на Заев?

Заев се уште не им понудил конректни владини позиции на двете крила на БЕСА за влез во владејчката коалиција, но и двете струи официјлано најавуваат нова рунда на преговори веќе од вторник.  Од наредната недела, владини извори, велат дека стартуваат и разговори со ДУИ за тоа дали партијата на Ахмети ќе го задржи министерскотот столче во правда и дали ќе биде прифатлив втор поголем алабански партнер во Владата.

 Заев вчера најави дека со реконструкцијата ќе заврши до крајот на месецот, но и дека веќе разговороите се во фаза на кадровски решенија

- Разговараме веќе за одредени кадри. Јас почнав разговори веќе со политички партии и со пратеници во самиот Парламент. Верувам дека согласно квалитетот на кадарите ќе бидат и назначени самите луѓе. Заради тоа и веднаш не излегувам со ново решение за министер за правда. Сакам да го искористам просторот на преговорите околу реконструкцијата на Владата и нејзиното зајакнување, па во целиот овој пакет ќе го пополниме и испразнетото место – министер за правда, а секако ќе настапиме и со другите решенија, вели Заев.

Владини извори коментираат дека во реконструкцијата освен министерството за правда, во игра се комбинации и од министерските фотелји во култура, образование, труд и социјална политика, како и министерска позиција без ресор. Слободни се и две заменик-министерски места кои досега ги држеше Алијансата на Албанците на Зијадин Села.

Првиот тест на владата на Заев наредната недела во Собранието може да ги открие и новите владини партнери. Демократската партија на Турците која веќе е дел од владејачката коалиција со 1 пратеник најверојатно ќе добие заменичко место.

Од преговорите со БЕСА, крилотото на Гаши е еден чекор пред она на Касами. Гаши веќе е во директни разговори со Заев, но официјално се уште се разговара за програмските определби, а не за кадровски решенија.

„Се уште чекаме понуда од премиерот. После празниците очекуваме нешто конректно“, е официјалниот став на оваа струја на БЕСА.

Неофицијално, извори од СДСМ откриваат дека за ова крило кое брои 3 пратеника се бара едно министерско место и едно заменик-министерско или  пак, кадри во третиот ешалон. Најголемата разлика е што БЕСА на Гаши инсистира на ресорско министерство, додека владејачката партија е расположена да даде министер без ресор.

Крилото на Касами со 2 пратеника се уште е во неформални разговари со СДСМ. И од таму официјалниот став е дека се уште ја чекаат понудата на Заев, а потоа по нејзе ќе одлучат партиските органи.