Кој одлучува на што треба да се трошат државните пари - има за службени возила, но не и за противпожарни
Наместо да се обновува владиниот возен парк, државата двата милиони евра требаше да ги потроши за да купи нови амбулантни и противпожарни возила. Од центарот за граѓански комуникации посочија дека и Ковид кризата и пожарите, не само овој во Кочани туку и оние во изминатите години точно ги покажале недостатоците во земјава. велат иако иако постојано се алармира на рационално трошење на буџетските пари, досега ништо не е променето.
Од владата не ни одговорија дали новата набавка на автомобили е неопходна во моментов, само посочија дека ваквиот начин на обезбедување автомобили е најповолен.
Претходниот тригодишен договор за оперативен лизинг завршува во октомври 2021.
Укажуваме дека ваквиот начин на набавка е најповолното решение зашто, освен за гориво, нема никакво буџетско трошење во период на користење на возилата. Оперативниот лизинг покрива каско осигурување, сервис и резервни делови што со поинаков модел, би паднал на товар на државниот буџет, се вели во дописот од Влада.
Владата договори набавка на нови 45 лукзусни возила- марка Пасат. Ќе се користени во следните три години, а според пресметките само за едно возило за овој период ќе бидат потрошени речиси 40 илјади евра. Во нив ќе се возат министри и странски делегации. Во последните три години државата потрошила 8 милиони евра за речиси 400 тини нови службени коли. Од друга страна пак противпожарни возила во земјава има вкупно 220,70 отсто од нив се од минатиот век, најстарото е од 1966 година. Земјава располага и со 183 амбулантни возила.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар