Македонија
7. August 2019 - 16:13

Кој ги измамува бизнисмените во Источна Македонија?

На повидок мега финансиска измама на истокот од земјата тешка десетици илјади евра. Повеќе граѓани сопственици на фирми пријавиле дека во текот на минатиот месец се измамени од лице кое лажно се преставувал под името Владимир Николовски. Имено под овој псевдоним, измамникот се претставил дека е овластен застапник на реномираната фирма Гемак од Скопје, а при електронската комуникација го искористил и нивното лого.

- Сител Телевизија денес стапи во контакт со вистинските претставници на ГЕМАК, од каде ни беше посочено дека се запознаени со случајот. Велат дека е искористено нивното име и имиџ за да се профитира на нечесен начин, поради што веднаш пријавиле до органите на проговот.

Во еден од случаите, од фирма од Делчево е побарано да им достави 50 тони соино чуспе на 4 наврати. По извршените 3 испораки на роба во вредност од 8 000 евра, сопственикот побарал да му биде платена фактурата како што било договорено, но телефонот на кој претходно комуницирал со измамникот бил недостапен. Откако сфатил дека е измамен пријавил во ПС Делчево.

- Настанот е пријавен во СВР-Штип и веднаш се преземени соодветни мерки и активности за расчистување на случајот- изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР- Штип

Пред некој ден, од свој долгогодишен коминтент од Кочани, разбрал дека неговата роба се продава по половична цена. Изманипулирани се повеќе фирми и за многу повисоки цени, кои допрва ќе треба да се процесуираат. Се шпекулира дека измамникот е во затвор и од таму ја води целата операција, но му помагаат и соработници кои се на слобода.