Кој е Беким Незири? Вечен проблематичен функционер на ДУИ
Од секторски директор на М-НАВ, па директор на ПИОМ, преку министер за економија, се до бизнисмен со болница и парарелно советник во Македонската навигација...од сенка на пребеганиот Изет Меџити во Чаир до претседател на најголемиот скопски огранок на интегративците.. иако никогаш најгласно, името на Беким Незири не е непознато ни во ДУИ, ни во јавноста.
Но, правникот и магистар по административни работи Незири има и негативен имиџ. Синоќешниот упад во кулата за контрола на летање е само последен инцидент на советникот на М-НАВ. Тој како директор за економски и правни работи во оваа институција во 2010 година нападнал инструктор -контролор за летање оти не потпишал дека Незири ја поминал обуката за контролор. Како што тогаш објавуваше Вест, снимките за нападот врз инструкторот биле избришани, а нападнатиот контролор заминал во Норвешка.
Незири беше и првиот иинтегративец директор за кој при смената на власта се отвори сомнеж за криминал. Иако доаѓаше од редовите на коалициската СДСМ тогашната министерка за труд и социјална политика Царовска објави дека ПИОМ со кој раковдеше Незири со години не ги уплаќал придонесите за 12 илјади осигуреници во вториот пензиски столб и направил штета од 19 милиони евра. Иако со најави за кривични пријави, Незири никогаш не стигна во обвинителството. Во одбрана тогаш му застана министерот Бујар Османи кој изјавите на Царовска ги нарече, „несреќни“ и „неточни“.
Токму Османи, заедно со првиот виепремиер Груби беа двата клучни функционери од раковдството на ДУИ што застанаа во изборот на Незири за претседател на чаирскиот огранок по превирањата на т.н. огенена група на Изет Меџити. Незири е близок и со сегашнотот ракводство на М-НАВ, каде што е и советник.
Незири не е јавен функционер, но претхдните анкетни листови покажуваат дека поседувал имот од околу 260 илјади евра во станови и недвижнини. Пред две години стана и косопственик на приватна болница во Чаир. На нејзинотот отворање беше и врвот на ДУИ, но и тогашниот министер за здравство Филипче.
Од неговата матична партија го осудуваат инциденто, велат случајот да се расчисти биудејќи никој не е насд законт, но и според нив слуачјот нема политичка позасдина.
„Инцидентот кој се обидува неправедно да и се припише на ДУИ, е резултат на нарушени и заладени односи меѓу колегите во работната средина и нема никаква врска со политичкo прашањe, а уште помалку со ДУИ. Станува збор за несогласување меѓу колегите и во никој случај не треба неправедно да се меша партиска политика“, велат од ДУИ.
И шефот на државата пендаровски бара итно расчистување на слуачјот.пендаровски дава поддршка и на Владата да се разреши целотот раковдство на воздухопловнатра навигација.
„МВР, исто така, има целосна поддршка од претседателот Пендаровски во најкус можен рок да ги расчисти настаните кои се случија во М-Нав, а имајќи предвид дека истите се случија во објект кој е дел од критичната инфраструктура во државата при квалификацијата на притивправните дејствија треба да се земе в предвид потенцијалното загрозување на безбедноста во меѓународниот авионски сообраќај.“, велат од кабинетот на претседателот.
Опозцијата гледа политичак позадина во слуачајот.
Од ВМРО-ДПМНЕ освен одговорност за Незири и раководството на М-НАВ бараат оставки и од министрите Спасовски и Бочварски.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар