-->
-->
Кои „бебиња“ се од светска класа?!
-->

Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, сер Алекс Фергусон, во својата најнова книга открива интересни детали поврзани со фудбалерите кои ги тренирал во Јунајтед. Фергусон, кој веќе една година предава на Харвард, само четворица играчи со кои работел на „Олд Трафорд“, може да каже дека се светска класа.
Фергусон 26 години го тренираше Манчестер Јунајтед, во тој период освои 38 трофеи, меѓу кои два во Лигата на шампионите и 13 во Премиерлигата.
„Пол Сколс, Ерик Кантона, Кристијано Роналдо и Рајан Гигс. Тоа беа најдобрите играчи кои правеа разлика на теренот. Кога од Лидс пристигна Кантона веднаш ја освоивме шампионската титула. Гогс и Сколс беа фантастични фудбалери и поради тоа имаа долги и успешни кариери. Роналдо е апсолутен гениј“, напишал Фергусон.
Многу бргу по презентацијата, сер Алекс се сретнал со англиските новинари и нивните прашања околу Руни, Бекам, Кин, Тевез, Фердинанд, Шмајхел.
„Сите тие се големи играчи, но сите тие ги преценија своите можности“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сибиха: Путин цинично наредил напад врз Украина за време на преговорите во Абу Даби
-

„Сапорт Кочани“: Во третата распредалба донирани над три милиони денари
-

Алиу: Примарната цел на законот е да ги превенира штетните последици од пушењето, а не да се казнува
-

МОН: Честит Меѓународен ден на образованието
-

Над пет килограми марихуана пронајдени во возило на кумановец
-

Зеленски: Договорите за противвоздушната одбрана постигнати со Трамп мора целосно да се спроведат
-

Европа е сè уште важна, но не е приоритет, се наведува во новата Стратегија за национална одбрана на САД
-

Најстудено во Берово, највисока снежна покривка на Попова Шапка
