„Коха“: Тачи го одолговлекува конституирањето на косовското Собрание

Косовскиот претседател Хашим Тачи го одолговлекува конституирањето на новоизбраното Собрание на Косово, со тоа што се уште не ја закажал конститутивната седница, иако Централната изборна комисија веќе ги објави конечните резултати од предвремените парламентарни избори одржани на 11 јуни, оценува приштинскиот весник „Коха“.
Според косовскиот Устав, конститутивната седница на новоизбраното Собрание ја свикува претседателот на Косово во рок од 30 дена по официјалното објавување на изборните резултати, што во конкретниот случај значи дека крајниот рок за одржување на заседанието е 7 август.
„Коха“ наведува дека од кабинетот на Тачи не одговараат на прашањата зошто се уште не е одреден датумот за одржување на конститутивната седница на Собранието.
Претходно, Тачи најави дека конститутивната седница на Парламентот ќе се одржи најдоцна до 10 јули, по што ќе му го додели мандатот за формирање нова влада на поранешниот премиер Рамуш Харадинај, чија коалиција освои најмногу пратенички места на изборите.
Според косовскиот Устав, доколку претседателот не ја закаже конститутивната седница во утврдениот рок од 30 дена по објавувањето на изборните резултати, пратениците можат да се состанат и самоиницијативно без одлука на шефот на државата.
Ново на Сител
-

Антибиотиците ја губат силата, антимикробна резистентност
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-

Преговорите за Изборниот законик пред пропаст
-

Нов внатрешен судир ја тресе СДСМ
-

Анкета: Голем број граѓани поддржуваат да се ограничи пушењето цигари на јавни места
-

Европските либерали изгласаа итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите
-

Експерти: Насилството меѓу малолетниците станува брутално
