Балкан
18. November 2015 - 17:53

Коха: Германија денеска врати 90 косовски бегалци

Германија денеска депортира околу 90 мигранти од Косово и од Албанија, откако им било одбиено барањето за азил во оваа земја, информира приштинскиот сајт Коха.нет.

Британските медиуми објавија слика на деца кои, на аеродромот во Минхен, влегуваат во авионот со кој ќе бидат вратени во Приштина и Тирана.

Германија ги стави Косово и Албанија, на списокот на „безбедни земји“, што значи дека од нив веќе нема да прима бегалци.