„Коха“: ЕУ не е против распишување избори во Косово
Канцеларијата на ЕУ во Приштина им испрати порака на политичките лидери, укажувајќи им на потребата од постојани и стабилни институции, и им порача оти не е против одржувањето на вонредни парламентрани избори оваа година, пишува „Коха“
Повикувајќи се на неименувани извори, весникот пишува дека претходно Канцеларијата на ЕУ во Приштина им испратила порака на косовските политички лидери од кои барала да се фокусираат на примената на неколку задачи и порачала дека не се противи на тоа изборите на Косово да се одржат 2018 година.
Изворите за приштинскиот весник тврдат дека задачите, кои според ЕУ мора да бидат исполнети во првата половина на годината, вклучуваат и реформска агенда договорена со ЕУ и формирање на Заедница на српските општини.
Во одговор на весникот, од ЕУ укажуваат на потребата од стабилни институции во Косово.
- ЕУ не треба да се меша во слободната, демократската и политичка дебата во Косово. И покрај тоа, имаме јасно разбирање дека стабилноста и ефикасното управување е во интерес на народот на Косово, наведуваат од Канцеларијата на ЕУ во Приштина за весникот „Коха“
Ново на Сител
-

ДПТ стана дел од владејачката коалиција
-

ВРЕДИ гледа вмешаност на ДУИ во скандалот на „Ќафасан“
-

Построги правила за студентите во домовите со новиот Закон за студентски стандард
-

Разоткриена ИПАРД шемата: Поткуп од 50 илјади евра за проект од половина милион
-

Летниот одмор годинава поскап за 15% од ланскиот
-

Следната недела ќе се знае дали Охрид ќе го задржи статусот на светско наследство
-

ВМРО-ДПМНЕ: Подготвени сме да ги прифатиме барањата на опозицијата
-

Касами: Можни се вонредни избори во Тетово
