Балкан
16. May 2016 - 13:52

Кога тато ја мажи миленичката: Ердоган направи спектакуларна свадба за својата ќерка

Младата ќерка на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Сумеја Ердоган, вчера се вечнала со бизнисменот од воената индустрија Селчук Бајрактар. 

На општинското венчавање присуствувалр, поранешниот претседател Абдулаг Гул,  премиерот Ахмед Давутогл, началникот на Генерлшатбот на Турција, премиеро на Албанија, Еди Рама, премиерот на Пакистан Наваз Шариф како и многу бројни државни челници, бизнисмени и уметници. 

На венчавката бил  прикажан карток филм кој почнал со фотографиите на Сумеја и нејзиниот татко додека се уште била дете. Покрај тоа во филмот се прикажани деталите з од нејзиниот приватен живот и за нејзините интересирања. 

На сличен начин бил  преставен и филмот за младоженецот. Во филмот биле се преставени деталите од студенските денови, како и почетокот на кариерата. 

На венчавката која се одржала во Истанбул, присуствувале 6.000 гости, а кумот на младенците бил началникот на генералштабот на турската војска Хулуси Акар. Ова се привите фотографии кои турските медиуми ги објавија денеска

Поради свадбата на ќерката на Ердоган некои улици во Истанбул биле затворени за сообраќај.