-->
-->
Кога се разболе Бранко, ги снема и пријателите
-->
Се борев како лавица за неговиот живот. Направив сè што беше во моја моќ. Две години буквално спиев во болници и овде и во странство и мојата совест е комплетно чиста. А, најважно од сè е човек мирно да спие, раскажува познатата ТВ-презентеркаНа 19 години го изгуби татка си во сообраќајна несреќа. Втор огромен шок во нејзиниот живот беше смртта на сопругот, актерот Бранко Ѓорчев. Познатата ТВ-презентерка Гордана Ѓорчева ни ја отвори душата и искрено проговори за најтешките моменти. За она што досега молчеше, конечно собра сили да го сподели со јавноста.
Женски Магазин* Во февруари се навршија пет години од смртта на Вашиот сопруг. Болната реалност може човекот духовно да го скрши, но може да го направи и посилен. Како е со Вас?
Гордана- Да, на 24 февруари поминаа точно 5 години. На оваа тема скоро и да не зборувам. Создадов некој одбранбен механизам и не сакам да чепкам таму кај што боли. Знаете, сфатив дека болката е само моја и никој тука не може да ми помогне, освен самата јас. На моите 19 години го изгубив мојот татко во сообраќајна несреќа и некако се навикнав да се борам низ животот. Ова беше мојот втор огромен шок кој многу, многу тешко го поднесувам. Да, буквално ме скрши неговото заминување и мислам дека дури сега после 5 години полека почнувам да си доаѓам на себе. Поминав и сè уште поминувам низ многу тежок период, и емотивно и благодарејќи на балканскиот менталитет и среброљубието на неговите најблиски. Но, не сакам да се навраќам на тоа ни во мислите. Постојано се молам, Господ да ни даде само здравје и на мене и на моето дете. Се борев како лавица за животот на Бранко. Направив сè што беше во моја моќ. Две години буквално спиев во болници и овде и во странство и мојата совест е комплетно чиста. А, најважно од сè е човек мирно да спие.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

МБА: Од 1 март 2026 година почнува примена на засилена автентикација при електронски плаќања
-

Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје
-

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево
-

Тридневен штрајк на таксистите во Атина
-

ССМ пред Владата ќе бара зголемување на минималната и сите останати плати
-

Средната возраст на населението во земјава 42,21 година, во ЕУ 44,9
-

Седница на Државната комисија за спречување на корупцијата
-

Трамп: Куба е банкротирана држава и треба да склучи договор со САД
