Кога раселените би имале држава, таа би била 21. на листата на најнаселени земји во светот

Ако 63,3 милиони лица кои се во моментов раселени од нивните домови би имале посебна земја, тоа би било држава со најмлади жители и со најбрз раст на популација, соопшти хуманитарната организација „Сејв д чилдрен“.
Наведено е дека ако раселените луѓе низ светот би претставувале една нација, тоа би била 21. држава на листата на најнаселени земји.
Во извештајот под наслов „Принудени да бегаат - 21. нација по големина“, организацијата ги претстави проблемите со кои се соочуваат раселените лица како и нивните потенцијали.
Претседателката на организацијата за заштита на децата, Каролин Мајлис, изјави дека „раселените треба да се замислат како жители на една држава, како рамноправни членови на глобалното општество и да се обрати внимание на проблемите со кои се соочуваат“.
Извештајот е објавени непосредно пред седницата на Генералното собрание при ОН закажана за следната недела, со прашањата за раселените лица, на врвот на дневниот ред.
Ново на Сител
-

Чолакова Дервишова: Боледувањата се даваат ако сте болни, а не за задоволување на желби и патување
-

Почна дебатата во ООН
-

Тема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружение на приватни лекари
-

Пожар во деловни простории во кругот на Железара
-

Шверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите
-

Лекарска комора го осуди физичкиот напад врз гинекологот Огненовиќ
-

Мицкоски од Њујорк: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

Јулските плати зголемени за 2 евра во однос на јуни
