Живот
29. December 2017 - 13:50

Кога ќе се забели Црвената планета: Еве како изгледа снегот на Марс

НАСА објави фотографии од Марс кои ги сними интерпланетарната станица Орбитален истражувач на Марс. На нив се гледа површината на Црвената планета на почетокот на зимата.

Експертите наведуваат дека со смалување на температурата изгледот на Марс се менува, зошто гасот од атмосферата се претвора во сув мраз кој ја прекрива површината на Марс и образува различни фигури.

На поголемиот дел од планетата со доаѓањето на „пролетта“ мразот почнува да пука и да испарува, по што целокупниот негов изглед повторно се менува.

На јужниот пол од Црвената планета температурата останува ниска практично во текот на целата годин, зошто „зимата“ таму никогаш не престанува.