-->
-->
Кога ќе се обои облеката во машината: Трик кој ќе ви помогне да ја вратите првобитната боја
-->
Најпрво проверете ја етикетата на облеката којашто сакате да ја “санирате”. Секако дека воопшто не е тешко да залута темно парче облека во морето од бела облека, а потоа и истото тоа парче облека да ги обои сите останати светли парчиња!
Црвениот чорап или маичка често се виновник за како краен резултат да добиете розова облека, а кога случајно ќе залута некоја црна чорапа или маичка, ќе добиете сино-сиви парчиња. До ваква незгода доаѓа затоа што поголемиот дел од облеката со интензивни бои испушта дел од бојата особено ако се пере на повисоки температури.
Тоа е особено чест случај со поновите парчиња облека. Токму затоа добро е шарената облека секогаш да се пере одделно.
Кога ќе се случи ваква незгода, најпрво проверете ја етикетата на парчето облека коешто сакате да го “санирате” од настанатата незгода. Ако на неа пишува дека предметот не смее да се избелува, тогаш треба да заборавите на таквите сретства.
Во поголемиот дел од случаевите белата облека од 100% памук сепак го поднесува тоа, бидејќи во ваков случај најчесто се работи за постелнина, пешкири или долна облека. Се што треба да направите е да ја потопите обоената облека во вода во којашто сте додале малку сретство за избелување.
Оставете така да отстои 15 до 30 минути, а потоа исперете повторно на брз програм и вклучете двојно испирање.
Ако се работи за чувствителна облека којашто не поднесува избелувал, во следното перење додадете крпчиња за извлекување на вишок бои (ги има во речиси сите маркети).
Можете и во преградата за прашок да ставите течност за отстранување на дамки и повторно да ја исперете облеката на вообичаениот начин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мемеди: Намалена смртноста на детската клиника
-
Локалната најавува капитални проекти
-
Протести во Ореовец
-
Преглед на вестите од светот
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет