Македонија
18. April 2017 - 16:20

Кога Христос се роди, воскресна Тиранската платформа: Што содржи таа, кој, кога и каде ја потпишаа?

Министерството за надворешни работи на Албанија го поздрави потпишувањето на заедничката платформа потпишана од страна на претставниците на албанските партии во Македонија, кое служи како платформа за нивното идно учество во било која влада, која ќе биде формирана по минатомесечните избори во соседната земја – Вака албанската државна агенција АТА, на 8-ми јануари, ден по потпишувањето официјално соопшти дека албанските партии од Македонија заедно со албанскиот премиер Еди Рама составија платформа за учество во било која власт во Македонија. Во информацијата на АТА се вели дека платформата е историски чекор кон обединување на албанскиот политички фактор, а таа ќе ги унапреди правата на Албанците во Македонија.

Седум точки содржи платформата на албанските политички партии составена во соработка со албанскиот премиер.

Според документот кој е напишан единствено на албански и англиски јазик, се бара целосна рамноправност на заедниците, воведување на албанскиот јазик како официјален, отворање дебата за измени на државниот грб, химната и знамето, усвојување резолуција во Собранието со која ќе се осуди геноцидот врз албанскиот народ во Македонија од 1912-та до 1956-та.. Се бара и расфетлување на случаите „Сопот“, „Бродец“, „Монструм“ и „Куманово“, а во преговорите за спорот со името да се вклучат и Албанците.

Инаку по составувањето на платформата, заедничкиот договор го поздрави албанскиот премиер Еди Рама. Тој преку социјалните мрежи напиша дека „Заедничката воља на албанските политички партии во Македонија е историски чекор. За правата на Албанците нема да се преговара како за места во владата“.