Кофи: Би било добро ако Трамп ја притисне Грција за прием на Македонија во НАТО
Лук Кофи, од влијателната американска конзервативна фондација Херитиџ, вели дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп ќе биде повеќе заинтересиран за состојбите на Балканот од претходната администрација на претседателот Обама, и дека не би требало да има загриженост во Македонија по именувањето на човек со грчко потекло во Белата куќа. Трамп го именуваше републиканскиот политичар Ренс Прибус за шеф на неговиот кабинет, а Кофи потсетува дека и во поранешната администрација имаше висок советник со грчко потекло.
“Се сомневам дека тој ќе има многу поврзаност со спорот за името. Можеби грешам, но би бил изненаден ако Прибус посвети многу важност на тоа прашање. Од објавените интернет пораки на поранешниот висок советник на Клинтон и Обама, Џон Подеста, откривме дека и тој на Македонија и се обраќал со поранешната Југословенска Република Македонија, а не со уставното име. Но, ако САД ја притиснат Грција да дозволи Македонија да се приклучи на НАТО под референцата, тоа ќе биде значително подобрување. Се надевам дека, кој и да е во Белата куќа, ќе ја разледа ситуацијата објективно и ќе види дека за доброто на Алијансата и на регионот е важно Македонија да се придружи на НАТО. Од друга страна, Македонците ќе треба да прифатат членство во НАТО според референцата, во согласност со Времената спогодба”, вели Лук Кофи, од фондацијата Херитиџ, за чии експерти се очекува во голема мерка да бидат застапени во идната администрација на претседателот Трамп.
Според Кофи, Барак Обама не покажал голема наклонетост кон Балканот во неговиот мандат, а од Трамп може да се очекува да има барем емотивна поврзаност со регионот од каде потекнува неговата сопруга. Кофи очекува запоставување на Европа во целина, при почетокот на новата администрација, и обид за приближување кон Русија, но смета дека оваа политика нема да може да трае долго. “Во однос на неговиот интерес кон Европа, НАТО и односите со Русија, на Трамп нема да му биде многу грижа за Европа отпочеток и ќе се обиде да склучи договор со Русија. Потоа по две години, ќе сфати дека Европа се уште е многу важна за САД и дека Русија е држава на која не може да и се верува. Само се надевам дека нема ова да го открие на потешкиот начин, туку ќе учи од претходните искуства”, вели Кофи во разговор за Македонската Телевизија.
Ново на Сител
-
Холандија и Данска се најдобри земји за деца
-
Приведен 61-годишник, при претрес на неговиот дом најдени се пушки, пиштол и куршуми различен калибар
-
Филков: СДСМ е последна партија што има право да зборува за реформи во правосудството
-
Кремљ со реакција на изјавата на Макрон: Нуклеарното ширење не е решение за Европа
-
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта утре во Скопје
-
Мицкоски за утрешната посета на Кошта: Ќе ги пренесеме нашите ставови во врска со уставните измени
-
Поранешен началник на Одделение за лично обезбедување на министри лажирал работни часови на вработени
-
Трамп: Не знам дали Путин ќе дојде на преговорите во Турција