Балкан
6. December 2016 - 11:35

Коѕиас на самит на НАТО во Брисел

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас денеска и утре ќе престојува во Брисел, каде ќе учествува на последниот самит на НАТО годинава, на кој ќе присуствува и државниот секретар на САД Џон Кери.

Самитот ќе се фокусира на соработката на НАТО со ЕУ, а особено во однос на примената на одредбите од Заедничката декларација на односите на НАТО и ЕУ, потпишана на маргините на Самитот на НАТО во Варшава во јули.

Во Брисел ќе се одржи и состанок на Северноатлантскиот совет на кој ќе присуствуваат и министрите за надворешни работи на Финска и Шведска, и високиот претставник на ЕУ Федерика Могерини.

Како што соопшти грчкото МНР, членовите на Северноатланскиот совет ќе се фокусираат и на напорите на Алијансата за остварување стабилност и зајакнување на безбедноста во Јужниот Медитеран и на Западен Балкан.