Коѕиас: Грција и САД имаат стабилни односи
Грција и САД имаат стабилни односи и ние се надеваме на нивен натамошен развој, изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас пред неговата дводневна посета на Вашингтон, соопшти весникот „Катимерини“.
Првиот грчки дипломат денеска изјави дека за време на неговата посета на САД со своите домаќини ќе разговара за проблемите на регионот и посебно за оние за кои има совпаѓање на позициите на двете земји, како и за заедничките планови.
Запрашан за односите на Грција со новата американска администрација, Никос Коѕиас додаде дека Атина поддржува стабилни односи и дека досега се одржале многу средби со нејзини претставници.
Во рамки на посетата предвидено е грчкиот министер да има разговори со државниот секретар Рекс Тилерсон и по првпат со советникот на американскиот претседател за национална безбедност, генерал Херберт Макмастер.
Ново на Сител
-
УЈП најавува пролонгирање на рокот за поднесување даночна пријава, сметководителите најавуваат протест
-
Лазаров не е задоволен од нивото на македонскиот ракомет, најави стратегија
-
Уставното име на државата ќе се користи како техничко решение за проблемите во Мешовитата комисија
-
Владата најавува препорака за укинување на ротациите за админстративците
-
Тема на денот: Кога ќе се вози по експресните патишта и постои ли можност за намалување на патарините
-
Уставното име наместо придавката „македонски“ ќе се користи во записниците од Мешовитата историска комисија
-
Опозицијата тврди дека најавениот попис е политичка операција, валста најавува казни за прекршувањата
-
Владата најавува укинување на ротациите за административците, се враќаат на работа во полн состав