Коѕиас: Грција и САД имаат стабилни односи
Грција и САД имаат стабилни односи и ние се надеваме на нивен натамошен развој, изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас пред неговата дводневна посета на Вашингтон, соопшти весникот „Катимерини“.
Првиот грчки дипломат денеска изјави дека за време на неговата посета на САД со своите домаќини ќе разговара за проблемите на регионот и посебно за оние за кои има совпаѓање на позициите на двете земји, како и за заедничките планови.
Запрашан за односите на Грција со новата американска администрација, Никос Коѕиас додаде дека Атина поддржува стабилни односи и дека досега се одржале многу средби со нејзини претставници.
Во рамки на посетата предвидено е грчкиот министер да има разговори со државниот секретар Рекс Тилерсон и по првпат со советникот на американскиот претседател за национална безбедност, генерал Херберт Макмастер.
Ново на Сител
-
Таравари: Ние не сме чамец за спасување
-
Прв етимолошки речник во македонскиот јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, Транспаренси Интернешнл Македонија
-
Партнерот на Рамајана ја убил пред 5-годишната ќерка
-
Пред утрешната средба, Мицкоски бара Таравари јасно да каже дали соработува со Ахмети
-
Мицкоски и Филипче го повикаа Ахмети да се повлече од идеите за дестабилизација
-
Мицкоски: Имаше обид за инженеринг за вистината за Делчев