Македонија
26. February 2018 - 19:20

Коѕиас: Бараме фер и одржливо решение

Скопје сака лесно решение, а ние фер и одржливо решение, вели шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, по советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

-Мислам дека и двете страни се согласуваме дека треба да се бара решение. Скопје верува дека треба да биде лесно решение за нив, ние веруваме дека треба да е решение што ќе издржи низ времето и ќе биде фер, вели Коѕијас, јави дописникот на МИА од Атина